| четврток, 6 декември 2018 |

Лидија Димковска учествува на меѓународниот книжевен фестивал во Романија

Македонската поетеса Лидија Димковска учествува на меѓународниот книжевен фестивал „На запад од исток, на исток од запад“ што четврти пат се одржува во Темишвар, Романија. Димковска ќе настапи денеска на поетското читање во Музејот на уметноста со поезија од нејзините два поетски избора на романски јазик: „Мета­бесење на мета­липа“ за кој во 2001 годиона ја доби романската награда „Поесис“, и „Разлика“ за кој во 2012 година ја доби наградата „Тудор Аргези“. На фестивалот гостуваат и автори од Унгарија, Израел, Чешка, Босна и Херцеговина и повеќе автори од Романија меѓу кои и еден од најголемите романски интелектуалци и публицисти Андреј Плешу.

Во текот на трите дена на фестивалот, кој завршува денеска, се одржуваат повеќе читања, книжевни разговори и дебати, а беа прикажани и филмови според делата на Милан Кундера. Фестивалот „На запад од исток, на исток од запад“ ја поддржува кандидатурата на градот Темишвар за европска престолнина на културата во 2021 година и во тој контекст во сите досегашни изданија на фестивалот учествувале едни од најдобрите современи автори од целиот свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top