| четврток, 6 декември 2018 |

Моден викенд Скопје: Да ја славиме жената (фотогалерија)

Со ревиите на Јована Филиповиќ , Елена Спасовска и Венера Мустафа од Косово, се одржа вториот ревијален ден на есенскиот Моден викенд Скопје , под мотото „Мода и културно наследство“, вчеравечер во Музејот на Македонија.

jovana filipovic3

Јована Филиповиќ ја прикажа колекцијата за актуелната есен/зима 2015/2016 за која вели дека „претставува одраз на на некое идно совршено време. Иднина во која уметноста, дизајанот и архтектурата се движечка сила. Влијанието на нео – футуристичкиот минимализам на градбите на Заха Хадид и Калатрава се внимателно пресликани во секој елемент од колекцијата. Градби кои се одраз на времето кое допрва треба да дојде“.

jovana filipovic2

jovana filipovic1

jovana filipovic

На второто модно шоу се претстави дизајнерката Елена Спасовска која инспирацијата за колекцијата ја наоѓа во жената од работничката класа, нејзиниот молк наспроти нејзиниот херојски став.

elena spasovska2

– Колекцијата истражува како оваа жена минува  низ сопствената интимна револуција. Таа е инспирацијата за колективна сила. Централна тема е текстилот и текстилната индустрија.  Во колекцијата се користени природни материјали волна, памук и свила, а првпат во мојот дизајн презентирам и кроеви од плетени материјали – вели Спасовска за својата најнова колекција.

elena spasovska1

elena spasovska

Косовската дизајнерка Венера Мустафа, која во Македонија првпат имаше ревија во рамките на Моден викенд Скопје 12, ја донесе колекцијата „Сондер-секој има приказна“. Мустафа колекцијата ја опишува како „ Производ на инспирација базирана на цветови од мочуриштето, фламнига и капки солзи кои комуницираат меѓусебно во форма на ткаенини, бои и текстура“.

venera mustafa2

venera mustafa1

venera mustafa

фото: Дими и Ани

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top