Ревијата на младиот дизајнер Игор Марков во Музејот на Град Скопје во четвртокот го означи почетокот на ревијалниот дел на Моден викенд Скопје за есен/зима 2015/2016 кој се одржува по дванаесетти пат и ќе трае до недела, 25 октомври.
На ревијата на Марков беше прикажана колекцијата наречена „Prêt-à-porter féminin de luxe“ за 2016 година, составена од 23 уникатни парчиња.
– Она кое ја издвојува оваа жена од масата не е само нејзината исклучителна атрактивност туку нејзиниот став. Се познава себе си и цени. Оваа личност никогаш не се плаши да биде во центар на вниманието, без разлика дали поради смелите и непредвидливи модни избори или нејзините животни убедувања – вели за своите креации Игор Марков кој дебитираше на Моден викенд Скопје.
фото: Ани и Дими
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.