Субхи Јакупи, член на ДИК, изјави дека и денешното гласање, генерално, поминало во регуларна и демократска атмосфера. Тој не верува дека ќе има забележителен број претставки или претставки што можат да влијаат врз резултатите
Во директното вклучување за „Телма“ изјави дека некои проблеми со семејно гласање се повторуваат, но сите неправилности ќе бидат документирани.
За проблемот што го забележи „Телма“ за гласачи од Пустец во Центар, Јакупи рече дека проверката на бројот на гласачи и регуларно издадени документи ќе покаже дали станува збор за законски дозволено гласање, какво што има право секој со македонски валидни биометриски документи.
Јакупи изрази убеденост дека овојпат ДИК многу побврзо ќе ги соопштува резултатите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.