Огромен труд и знаење вложи ВМРО-ДПМНЕ за Република Македонија да ја добие препораката, реагира ВМРО-ДПМНЕ на ставот на СДСМ дека лично премиерот Никола Груевски ќе биде виновен ако, Македонија не добие препорака за преговори од ЕУ.
„Нема бегање од избори и од соочување со граѓаните. Огромен труд и знаење вложи ВМРО-ДПМНЕ за Република Македонија да ја добие препораката. Таа беше најголем успех не само за нас, туку за граѓаните и за државата. Знаеме колку боли кога некој прави обиди да ги сруши сите успеси во обид да се приграби ситна, лична политичка корист.ВМРО-ДПМНЕ секогаш на врвот на приоритетите ги имало интересите на Република Македонија и нејзините граѓани. Знаеме дека СДСМ не чувствува никаква одговорност, ниту кон овој свет ден за сите Македонци, ниту кон препораката или кон се што е постигнато изминативе 10 години. Може преку своите први луѓе да продолжат да пласираат тези за Премиер Албанец или албански за сите деца уште во градинка, но тоа нема да помине. Нема да поминат уцените.Ќе мора во април да се соочат со граѓаните и повторно ќе го слушнат нивниот одговор“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)