| четврток, 6 декември 2018 |

Турците му се закануваат со смрт на сопругот на Карлеуша: Барале да се фотографира со албанско знаме (фото)

Хајката на турските навивачи врз српскиот репрезентативец  Душко Тошиќ не застана ниту кога тренерот на Бешикташ го тргнал српскиот дефанзивец од првата  постава под нивниот притисок, а тешко и дека  ќе прекине се додека Тошиќ не го напушти клубот.

насловна фудбал

Тошиќ се најде на удар на навивачите поради подигање  на три прсти на натпреварот  против Албанија во Елбасан, што во Турција е сфатено како расистички симбол кој го користеле четниците кои ги убивале муслиманите во Втората светска војна во војната во Босна и Херцеговина.

тошиќ2

Од тој момент Тошиќ е постојана цел на прозивките на навивачите  и на неговиот и на некои други клубови, а некои одат дури толку далеку што се закануваат со смрт на  него и неговото семејство.

фубдал 9

-На Душко и на неговото семејство  им се закануваат со смрт и тој е депресивен поради тоа. Сакаат да го избркаат од Истанбул и додека беше во Србија му кажаа да не се враќа. Иако е еден од најдобрите играчи на Бешиткаш, навивачите цело време го шиканираат, влетаа на еден тренинг  и го малтретираа пред сите и бараа од тренерот да му забрани да игра- изјавил за медиумите извор близок до српскиот фудбалер.

Колку се гневни турските навивачи зборува и тоа дека пред почетокот на натпреварот против Ризео на загревањето му барале да се фотографира со албанско знаме што тој едвај го избегнал.

Во меѓувреме Тошиќ  на последните два натпревари е префрлен токму од тие причини на клупа и воопшто не настапуваше.

тоши09

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top