| четврток, 6 декември 2018 |

„Кажи нешто“ песна посветена на мигрантите (Видео)

Пејачот Шарли Винстон денеска објави видео во знак на поддршка на мигрантите, после неговите посети на прифатните центи во Берлин, Македонија и Кале, под наслов „Кажи нешто“, (Say Something). Приходите од оваа песна, која може да се преземе од платформите за музика, ќе бидат префрлени на сметка на Меѓународната организација на Црвениот крст, објаснува на својата страница на Фејсбук овој жител на Лондон, чија кариера почна во Франција во 2009.

Со помош на повеќе организации пејачот со искривен шешир на главата, посочува дека посетил и свирел на гитара во повеќе прифатни центри за бегалци во Берлин, на границата меѓу Македонија и Грција, каде „секојдневно поминуваат 8.000 бегалци“, како и во логорот на ла Ланд, наречен „џунгла“, во Кале, во Франција, каде во тешки сулови живеат околу 6.000 мигранти.

Видео клипот алтернативно се менуваат снимки од последните месеци и денови од бегалските центри и од една манифестација во Лондон. Исто така, во него има и познати личност како Питер Габриел, Адриана Карамбо или Матјо Шедид.

-Иако ова видео се однесува на бегалците и на миграциската криза, песната „Кажи нешто“ зборува за идејата да се има храброст да се крене гласот и да се делува за прашања кои се однесувааат на сите нас, објаснува 37-годишниот Чарли Винстон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top