Радикалното косовско движење „Самоопределување“ повторно пушти солзавец во Парламентот во Приштина и соопшти дека протестот нема да се прекине се додека не се повлечат потписите од Бриселските спогодби со Белград и од спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора, пренесе Танјуг.
Од нападот настрадаа неколку пратеници и вработени во администрацијата.
Половина час пред почетокот на заседанието во неколку места во Парламентот, вклучувајќи го и кабинетот на претседателот Кадри Весели, беше пуштен солзавец, и покрај фактот дека во зградата имаше зголемен број полицајци.
Косовската опозиција ја предупреди Владата да не свикува нова парламентарна седница пред да се повлече од спогодбите со Србија и Црна Гора.
Косово западна во политичко-парламентарна криза, откако три опозициски партии категорично се спротивставија на примената на спогодбата со Белград за формирање Заедница на српски општини во Косово, за која смета дека би била „држава во државата“, и на спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации