Двајца браќа од Косово, се последните жртви од регионов на боиштата во Сирија.
-Идентитетот на браќата не се наведува, а според електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“ двајцата се бореле на страната на исламската држава.
Сега и офицајлно може да се потврди смртта на двајцата браќа, изјавиле за весникот надлежните косовски служби, додавајќи дека во Сирија двајцата заминале пред повеќе месеци.
Деновиве беше потврдена смртта на Басри Сулејмани од Приштина, кој бил десна рака на лидерот на албанските џихадисти во Сирија, Лавдарим Мухаџери. Тој загинал при бомбардирањата на еден од камповите на ИД во Сирија.
На страната на терористичката ИД се борат над 600 Албанци од Балканот, од нив половината од Косово. До сега од нивните роднини е потврдена смрта на најмлаку 85, од нив педесетина се од Косово, 16 од Албанија, 15 од Македонија и неколку од Јужна Србија и Црна Гора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба