| четврток, 6 декември 2018 |

Проверете дали ги иритирате вашите колеги

Барем половина од времето додека сте будни го поминувате со колегите, па не е исплатливо да бидете во лоши односи со нив.

kolegi na rabota

За среќа, постои начин да се изборите и со најиритантните видови.

Кога ќе го препознаете вашиот „омилен“ колега, подгответе „контра напад“ и конечно променете го резултатот на натпреварот во кој до сега сте биле поразената страна.

Кралица на драмата

Нема хартија за принтање – катастрофа. Клиентите постојано се’ бараат во последен момент – хорор. Снема струја – трагедија. Се, па дури и најмалата ситница во нив буди нагон за да направат шекспирова драма. Од вас се очекува да бидете на ниво на задачата, што би значело да ги поддржите во урлањето. Па ако не сакате да бидете дел од тоа излезете од својата зен фаза глумејќи бес, кажете им дека морате итно да излезете за да завршите некоја работа. Со малку среќа, ќе побара советник во некој друг, па вие ќе бидете мирни се до следната „трагедија“.

Озборувачки

Наоколу фини, насмеани, љубезни. Наместо да се запрашате од каде имаат толку време да ја завршат работата иако постојано дрдорат, пробајте со невербална комуникација да им дадете до знаење дека сте во гужва. Тоа значи дека го упатувате погледот кон компјутерот, претурате по бирото барајќи некој важен документ или постојано гледате колку е часот.

Зависници од телефон

Знаете се за нив, иако не сакате, бидејќи тие постојано се на телефон со момчето, другарката, семејството. Слушалките се најбезболно решение, но доколку вашите колеги отидат чекор подалеку, замолете ги да бидат малку потивки бидејќи не можете да се сконцентрирате на работата.

Негативци

Времето е грозно, во автобусот нема воздух, платата повторно доцни, оваа земја е ужасна… Негативците ќе кукаат на се’ и ако им дозволите ќе ја исцицаат вашата енергија, со што и вие ќе станете мрачни. Ако е во прашање поблаг облик на негативец не реагирајте на кукањето. Ако претерува, обидете се со суптилни методи да ги истакнете позитивните аспекти на секоја примедба. Веројатно негативецот ќе ве смета за личност со розов поглед кон светот, но воедно ќе побара и некоја друга жртва, а вие ќе се спасите.

Сезнајковци

Овие луѓе не се експерти само во работата, туку и во другите, поточно сите области. Ако почнете да објаснувате како викендов сте направиле добар „чизкејк“, тие на среде муабет ќе ве прекинат и ќе ви понудат гарантирано најдобар рецепт кој некогаш сте го пробале. Немојте да се фалите дека сте снабдиле карти за претстава која сте ја чекале со месеци, бидејќи тие веќе ја имаат гледано. И тоа во ВИП.

Не се расправајте со овој вид луѓе за политичката ситуација во Сирија, бидејќи веднаш ќе ве бомбардираат со стручни анализи, статистики, проекции…Најдобриот пристап е молчењето. Со влегувањето во расправија им давате на значење. И додека губите време ништо не добивате, бидејќи не заборавајте, тие се најпаметни, најобразувани, па ќе ве „победат“ во сите дисциплини.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top