| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалер на Селтик збесна откако беше заменет (видео)

kris komons

Фудбалерот на Селтик Крис Комонс имаше свое шоу на клупата на Селтик откако беше заменет во 76 минута од натпреварот. Шкотскиот шампион беше поразен со 3-1 на гостувањето кај Молде во рамките од третото коло од Лигата на Европа.
Тренерот на Селтик Рони Деила одлучи да го повлече Комонс во 76.минута, што воопшто не му се допадна на самиот играч. Тој беснееше на клупата, сакајќи да се објасни со својот тренер, а покажуваше и кон трибините, каде навивачите го скандираа неговото име. Можеби ваквата реакција се должи на негативата на Селтик во тој период од натпреварот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top