| четврток, 6 декември 2018 |

Кристијанштад направи големо изненадување, Рајн Некар поразен во Шведска

kristijanstad

Дека нема слаби екипи во ракометната Лига на шампиони севиде на вчерашниот натпревар меѓу Кристијанштад и Рајн-Некар Левен По поразот на Вардар од Колдинг, веќе во следното шесто коло уште едно големо изненадување.
Во првиот натпревар од шестото коло во групата Б, во Шведска, Кристијаштад му го зема скалпот на Рајн-Некар Левен поразувајќи го со 32-29.
Вицепрвакот на Германија кој важи за еден од тимовите во најтесниот круг за освојување на Лигата на шампионите оваа сезона отпатува во Шведска како голем фаворит, но веднаш по само неколку минути од мечот имаше голема негатива од 11-3 која Кристијанштад знаеше да сочува до крајот на натпреварот и да слави заслужена победа.
Овој пораз на Рајн-Некар му оди во прилог на Вардар во групата Б бидејќи со евентуална победа во утрешниот дерби-дуел против Кјелце ќе се зацврсти на првото место на табелата.

Жамали беше најзаслужен за оваа победа на шведскиот првак со осум погодоци, пред Толбринг и Седелхром со по шест гола. Кај Некар Левен најефикасни беа Шмит со осум и Ду Риц со шест погодоци.

Ова е втор пораз за Некар Левен во групата Б од Лигата на шампионите, по оној во Скопје од македонскиот првак Вардар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top