Во новото издание на музичкото натпреварување „Пинк ѕвездички“ ќе видиме неколку навистина прекрасни настапи на талентирани натпреварувачи, а особено внимание привлече момче кое ја отпеа прекрасната балада на Тоше Проески „Тајно моја“.
Тој изјави дека е емотивно врзан за таа песна бидејќи неговата мајка која е Македонка ја обожува.
Хари Мата Хари не го криеше воодушевувањето од неговата изведба, а Гоца Тржан му кажа: „Голем број на големи пејачи се обидоа да ја испеат оваа песна. Ниту еден од нив не досега ниту 30 отсто од твојата изведба“.
Најемотивно реагираше Леонтина која не можеше да ги сопре солзите.
-Тој толку пее како Тоше, тоа е неверојатно- едвај успеа да каже Леонтина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



