Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, ниту во вториот круг не го оствари своето право на глас. Се повтори тоа што се случуваше во првиот круг – нема биометриски личен документ. Патната исправа како дипломатски документ нема адреса, а токму овој момент бил и пресуден што го немало во Единствениот избирачки список.
– На досегашните избори, Мендух Тачи со сите возрасни членови на своето семејство беше запишан во Избирачкиот список на изборното место 1949 година во Тетово. Како и во првиот круг, така и сега го нема во Избирачкиот список и тој не може да гласа за фаворитот на ДПА за градоначалник на Тетово, Сади Беџети – вели Агон Ферати, портпаролот на партијата за „Утрински весник“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.