| четврток, 6 декември 2018 |

„Брима галуп“: ВМРО-ДПМНЕ со убедлива предност во однос на СДСМ

Реномираната агенција „Брима галуп“ прогнозира убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори. Според податоците добиени од истражувањето на јавното мислење владејачката партија има двојно поголема поддршка од опозицискиот СДСМ. За партијата на премиерот Груевски би гласале 23,5 проценти од граѓаните, додека за опозицискиот СДСМ само 12,4 проценти. Третото место го зазема ДУИ со 7,6 проценти, четврта е ДПА со 3,5 проценти.

За која партија би гласале доколку следната недела би се одржале парламентарни избори?

ВМРО-ДПМНЕ          23,5%

СДСМ                   12,4%

ДУИ                      7,6%

ДПА                      3,5%

Премиерот Никола Груевски е личноста во која македонската јавност има убедливо најголема доверба. Во испитувањето на јавното мислење на „Брима галуп“, за македонскиот премиер доверба дале 21,4 проценти од граѓаните. Груевски ужива 3 пати поголема доверба од лидерот на опозицијата Заев на кого доверба му дале 7,9 проценти од граѓаните. Следуваат Али Ахмети и Мендух Тачи со по 6,1 проценти, и 2,5 проценти доверба од граѓаните.

Во кој политичар имате најголема доверба? 

Никола Груевски       21,4%

Зоран Заев                   7,9%

Али Ахмети                 6,1%

Мендух Тачи               2,5%

Граѓаните на Република Македонија, во огромно мнозинство сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би извојувала убедлива победа на предвремените парламентарни избори. Огромни 43,2% од граѓаните сметаат дека партијата чиј лидер е Груевски би однела победа на изборите. Повеќе од двојно помалку од граѓаните пак сметаат дека СДСМ би бил победник.

Доколку би се организирале предвремени парламентарни избори кој би победил на нив? 

ВМРО-ДПМНЕ               43,2%

СДСМ                         19,9%

Јавноста смета дека ВМРО-ДПМНЕ има два пати поголема поддршка од граѓаните во однос на СДСМ.

Која партија според вас генерално има поголема поддршка од граѓаните?

ВМРО-ДПМНЕ               53,9%

СДСМ                         25,5%

Анкетата е теренска, направена од страна на реномираната агенција „Брима галуп“, во периодот од 29 јуни до 5 јули 2015 година, на примерок од 1.008 испитаници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top