| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО- ДПМНЕ, со верба во политиката, ги чека резултатите

димовски вмроВМРО-ДПМНЕ, со верба во својата политика, ги очекува резултатите од денешното гласање, кое помина во мирна и демократска атмосфера. На кратката конференција за печат по затварањето на гласачките места од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека, според нивни информации, изборниот ден поминал без позначајни неправилности.

За сите забелешки, за кои посочуваа дел од медиумите, одговорни се институциите, ОИК и ДИК, кои би требало да одговорат за сите приговори. Партијата упати апел, доколку постојат докази, надлежните институции да ги испитаат состојбите.

Тоа на што посочија од ВМРО-ДПМНЕ е дека бројот на неправилности, од сите видови, е помал од сите изборни процеси до сега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top