| четврток, 6 декември 2018 |

Дујшебаев: Со помалку грешки во одбраната до триумф против Кјелце

По отсуство од еден натпревар во Лигата на шампионите поради стомачен вирус, шпанскиот ас Алекс Дујшебаев се враќа во составот на Вардар за саботниот дерби дуел против Кјелце, Овој натпревар за него е од посебно емотивно значење бидејќи ќе игра против својот татко, тренерот на Кјелце, Талант.

– Ќе биде тешко, тоа е нормално, бидејќи против себе ќе го имаме еден од најдобрите тимови во Европа. Важно е да немаме многу грешки, бидејќи Кјелце тоа знае како да го казни. Исто така, одбраната мора да ни биде на многу повисоко ниво од мечот во Данска. Овој натпревар е многу важен за нас, бидејќи играме со директен ривал за висок пласман во групата. Но, играме дома пред нашите верни фанови и очекувам добра игра и наша победа – истакна десниот бек на Вардар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top