„Сонцињата“ на Даниел Кајмакоски не ја пропуштија можноста да го изненадат својот идол со подароци и торта за неговиот 32. роденден.
Групата обожавателки, која насекаде го следи македонскиот пејач, денеска го изненадија во редакцијата на „Република“.
На крајот на интервјуто за телевизијата и неделникот „Република“, групата обожавателки во нашето студио му ја запеаја роденденската песна.
Даниел со солзи в очи им заблагодари на своите верни следбеници за изненадувањата и за тоа што секогаш се тука за него.
Пејачот неодамна ја доби наградата „Ем-Ти-Ви бест адриа акт“ и влегува во трка за „Ем-Ти-Ви бест јуроп акт“ за која ќе биде во конкуренција со останати изведувачи од цела Европа.
По тој повод, но и многу повеќе, ќе имате можност да прочитате во следниот број на неделникот „Република“, кој ќе биде пуштен во продажба на 30 октомври.
Подготви: Марина Костовска
Фото: Александар Ивановски
Видео: Дејан Станчевски
Монтажа: Илија Јовановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)