| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши гласањето

Затворени се гласачките места во 29 општини и во градот Скопје каде што денеска се одржа вториот круг на локалните избори во Македонија. За првиот круг се прегласуваше на три избирачки места во Струмица и на едно во Општина Долнени.

izbori-57

Втор круг гласање имаше во Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Брвеница, Бутел, Велес, Врапчиште, Гостивар, Дебарца, Делчево, Ѓорче Петров, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Кочани, Куманово, Лозово, Могила, Ресен Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Центар, Чаир, Чешиново-Облешево и Градот Скопје.

Во Струмица првиот круг се прегласуваше на избирачките места 1727, 1730 и 1734, каде што има вкупно 3.255 гласачи, а во Долнени на избирачкото место 1.473.

Во Градот Скопје на 536 избирачки места право на глас, според избирачкиот список, имаа 444.259.Право на глас во вториот круг од изборите имаа 1.103.175 граѓани на 1.614 избирачки места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top