Тенискиот карван во машка и женска конкуренција често се вкрстува, се играат турнири на исти места, па не е чудно што има доста познати тениски љуб0овни двојки.
Најпознатата е таа меѓу Андре Агаси и Штефи Граф. Заедно имаат дури 30 сингл гранслем титули, а се уште се во брак и имаат две деца.
Најтазе љубовна врска е таа меѓу Марко Ѓоковиќ, помалиот брат на Новак Ѓоковиќ и Каролине Вознијачки. Српско-данската љубов привлекува внимание во спортските кругови, особено што се работи за братот на најдобриот светски тенисер и атрактивната Вознијачки.
Меѓу најпознатите тениски врски е и дублот на Григор Димитров, еден од најпознатите заводници. Тој „одеше“ и со Серена Вилијамс и со Марија Шарапова, па дури предизвика и љубомора и препукување меѓу нив две.
Тениските фанови се сеќаваат и на големата љубов меѓу Лејтон Хјуит и Ким Клајстерс, која сепак не заврши со брак и на таа меѓу Радек Степанек и атрактивната Никол Ваидишова. Разликата во години беше огромна, Радек беше 11 години постар од Никол и врската подоцна се распадна, иако извесно време беа и во брак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.