| четврток, 6 декември 2018 |

Снимателот Наум Доксевски ја освои наградата „Златно око“ за најдобра студентска работа

Директорот на фотографија Наум Доксевски ја освои наградата „Златно око“ во категоријата најдобара студентска работа на фестивалот за филмски и ТВ-сниматели „Златно око“, кој викендов се оддржа во Тлибиси, Грузија, за својот дипломски краткиот игран филм „Враќање”, информираат од продуцентската куќа „Круг филм“.

Во категоријата најдобра студентска работа, покрај „Враќање”, беа номинирани уште два краткометражни играни филмови од Унгарија и Германија. За доделувањето на оваа награда, на Доксевски, одлучуваше жири во следниов состав: Хиро Нарита, член на американската асоцијација на кинематографери и директор на фотографија на филмовите „Војна на ѕвездите“, „Хокус покус“, потоа Макс Местрони организатор на „Муви фестивал“ од Италија; Џон Хеншел, заменик претсетдател на Здрушението на телевизиски сниматели во Велика Британија.

unnamed

Наум Доксевски

 

Фестивлот „Златно око“ се одржува седма година по ред и покрај доделувањето на наградата негов составен дел се и презентации на опрема за снимање, мастер класови со специјални гости, проекции на селектираните филмови во секоја од категориите. На претходните изданија на овој фестивал учество земале реномирани директори на фотографија кои ги снимале филмовите на Мартин Скорсезе, Квентин Тарантино, Николас Мејер, Роберт Родригез.

Наум Доксевски е дипломиран филмски и ТВ снимател во класата на проф. Апостол Трпески на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Како директор на фотографија досега има потпишано пет краткометражни играни и неколку документарни филмови.

“Враќање” е краток игран филм на режисерката Дина Дума, а е во продукција на Факултетот за драмски уметности од Скопје и истиот е реализиран со буџет од Агенцијата за филм на Р. Македонија.

Улогите ги толкуваат. Ивана Павлаковиќ, Димитрија Доксевски, Кристина Леловац, Ивица Димитријевиќ, Софија Куновска, Никола Ристановски, Владо Јовановски, Сашко Коцев, Гораст Цветковски, Аксел Мехмет и Александар Вељановски.

„Враќање“ досега бил прикажан на над 30 фестивали ширум светот и има освоено повеќе награди за најдобар филм и за најдобра камера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top