| четврток, 6 декември 2018 |

Орбан: Европските лидери треба да ја променат миграциската политика

orban

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги повика синоќа европските лидери да ја изменат миграциската политика и да ги вклучат избирачите во дебата за иднината на континетот, во спротивно ќе се соочат со политичка криза и закана за демократскиот поредок.

Орбан, кој денеска ќе се обрати на Конгресот на Европската народна партија во Мадрид, изјави за државниот ТВ канал М1 дека европските лидери немаат мандат да пуштаат стотици илјади имигранти да влегуваат во Европската унија со мошне мала или никаква контрола.

– Поставувањето на оградата од страна на Унгарија на нејзината јужна граница има за зел да не ги пушти имигрантите во Европа, а не да ги насочува кон друга маршрута кон Германија- нагласи тој.

Орбан додаде дека ги повикал балканскитге соседи на Унгарија да помогнат во пресекувањето на мигрантскиот прилив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top