| четврток, 6 декември 2018 |

Стотици тела на џихадисти откриени во масовни гробници во Ирак

Стотици тела на борци од џихадистичката група „Исламска држава“ се откриени во масовни гробници во ирачкиот град Баиџи, соопштија безбедносните сили. Како што јавува БТА, во моментов не е јасно кога биле погребани телата и како биле идентификувани.

id

Вкупно 365 тела се пронајдени во 19 масовни гробници на борци од шиитските милиции поврзани со Иран, кои учествувале во офанзивата на ИД за освојување на Баиџи.

Стретегискиот ирачки град, на околу 200 километри северно од престолнината Багдад, во текот на 16 месеци беше најголемата арена во земјата на интензивни судири, по кои контролата врз градот неколку пати преминуваше од рацете на едните во рацете на другите.

Ирачките безбедносни сили пред десетина дена презедоа голама офанзива, која засега ветува успех. Тие зазедоа голем дел од блиската рафинерија, иако во објектот останаа мали гнезда на припадници на отпорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top