Сдсмовското новинарство на Телма доби нов офсајд. Тие денеска во телевизиски прилог објавија дека ЕУ и лидерите на балканските држави на разговорите во недела на кои ќе се иизнаоѓа заедничко решение за бегалската криза која ја погодува цела Европа, го поканиле претседателот Ѓорге Иванов, откако наводно претходно била подготвена покана за премиерот Никола Груевски. Според изворите на Телма поканата за премиерот Никола Груевски била сменета директно од претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер, кој наводно бил револтиран од одлагањето на роковите за исполнување на обврските од договорот од Пржино.
Овие дезинформации ги демантира сликата од денешната средба на Јункер со Груевски во Мадрид, на која тие срдечно се гушкаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.