| четврток, 6 декември 2018 |

Добри вести од Вардар, Штербик и Дујшебаев се враќаат во составот за дербито против Кјелце

Конечно по подолго време и редица на неубави вести, конечно од таборот на РК Вардар информираат дека двајцата ракометари кои имаа проблем со стомачен вирус, Арпад Штербик и Алекс Дујшебаев се приклучуваат на тренинзите на екипата и подготовени ќе го дочекаат дербито во Лигата на шампионите против Кјеце во СЦ „Борис Трајковски“ в сабота.

Мечот со Кјеце значи и задржување на првото место во групата Б во борба со гигантите како што се Кјеце, Барселона и Рајн-Некар.

Душебаев и Штербик не можеа да играат со Колдинг, а уште пред тоа потешко се повредија Александр Деревен и Стојанче Стоилов кои ќе останат надвор од екипата подолго време. На гостувањето во Колдинг незгодна повреда заработи и Алем Тоскиќ, па мораше да го пропушти речиси цело второ полувреме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top