| четврток, 6 декември 2018 |

Роман Абрамович се одлучил, го сака Гвардиола на клупата на Челси!

Соптсвеникот на Челси, рускиот тајкун Роман Абрамович веќе донел одлука, по завршувањето на оваа сезона да му се заблагодари на Жозе Мурињо и на негово место да го доведе Пеп Гвардиола.
Оваа информација ја пренесе британскиот медуим „Гардијан“ според кој подршката што ја доби Мурињо од бордот на директори на Челси со чело на Абрамович е моментална, односно до крајот на сезоната.
На Русинот му е јасно дека екипата ја има загубено довербата во тренерот и наскоро ќе дојде до прекин на соработката.

Португалецот се обидува да го врати тимот во победнички ритам, но веќе ја загуби поддршката на скоро целата управа на клубот, но и на голем дел од навивачите, кои се погласно го осудуваат неговото однесување. Токму поради ова Абрамович е решен да го задржи Мурињо најдоцна до јуни, а доколку резултатите во меѓувреме не се подобрат, до разделба би можело да дојде и многу порано.

Пеп Гвардиола претходно многу често беше поврзуван со Манчестер сити, но Абрамович е подготвен да влезе во наддавање за да стигне прв до услугите на каталонскиот стратег. „Гардијан“ тврди дека веќе е воспоставен првичен контакт со Гвардиола, кој на крајот од сезонава ќе си замине од Баерн Минхен, па понудено му е богатство за својата кариера да ја продолжи токму на „Стемфорд бриџ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top