| четврток, 6 декември 2018 |

Вељановски: Институциите веднаш да почнат со работа, без оптоварување од изборите

Посакувам и се надевам дека и денешниот ден ќе помине во мирна и демократска атмосфера, како што помина првиот изборен круг и со тоа со позитивна оценка да се заокружи изборниот процес, кој е многу значаен за Република Македонија. Ова го порача претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, по гласањето на избирачкото место 2571 во ОУ „Мирче Ацев“ во општина Ѓорче Петров.
– Би сакал на градоначалниците, кои се избрани во првиот круг, и на тие што ќе бидат избрани во вториот круг, да им посакам успех во работата и тоа што го ветиле да го остварат. На граѓаните на Република Македонија сакам да им го честитам овој успех што заеднички го направивме со спроведувањето на фер и демократски избори – изјави Вељаноски.
Тој посочи дека од утре институциите на државата треба да почнат да работат нормално, без оптоварување од локалните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top