Вистинска голеада имаше на трите натпревари од младинската Лига на шампиони, кои завршија досега, а рекорд постави Бенфика со победа од 11-1 против Галатасарај во Истанбул. Тоа е највисоката победа во ЛШ за играчи до 19 години, потоа и најдобар гол-ефект на екипа што настапувала во ова натпреварување.
Гонкалвеш и Гомеш постигнаа по три погодоци, а мрежата на јуниорите на Галатасарај ја тресеа и Карвалјо двапати, потоа и Фереира, Переира и Санчес по еднаш. Интересно е што Галатасарај поведе во 17. минута со голот на Исевер од пенал.
Фестивалот од голови денеска го најавија талентите на Атлетико Мадрид со триумф од 7-1 против Астана, а ефикасни во Москва беа и јуниорите на ЦСКА, кои ги победија врсниците од Манчестер јунајтед со 4-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.