| четврток, 6 декември 2018 |

Вториот круг со помал одѕив – 46,5 проценти во 17 часот

46,5 проценти од граѓаните со право на глас го оствариле своето право до 17 часот. Во Скопје одѕивот е 37,43 проценти, а во споредба со првиот круг, процентот е помал. Тогаш имало 53,13 проценти. На ниво на Македонија, пак, пред две седмици до 17 часот гласале 57,53 проценти. Најголем одѕив има во  Лозово – 78,5, а најмала во Сарај, 13,35 проценти.

Во Могила одѕивот е 70,17, а 60,04 проценти во Струга, 75,27 во три избирачки места во Струмица, 72,65 проценти во Берово, 70,80 во Богданци, 58,17 проценти во Велес, 45,52 проценти во Гостивар, 60,91 проценти во Тетово, во скопката општина Ѓорче Петров 53,78 проценти, во Гази Баба 31,12 проценти, Бутел 36,27 проценти, а Аеродром 36,56 проценти. Во Карпош 47,17 проценти гласале до 17 часот, во Кисела Вода 36,27 проценти, Центар 55,39 проценти, во Чаир 34,75 проценти, во Шуто Оризари 22,52 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top