Синоќа на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Бате Борисов и Барселона, еден од подобрите играчи во оваа сезона, Серхи Роберто, мораше многу рано да го напушти натпреварот поради повреда.
Iграчот од средината на теренот се пожали на болки во бутниот мускул и на негово место влезе Иван Ракитиќ, што се покажа како вистински потег на Луис Енрике, затоа што токму Ракитиќ беше стрелец на двата гола за победа.
Сѐ уште не е позната природата на повредата и колкав период би отсуствувал Серхи Роберо и тоа веројатно ќе се знае во текот на утрешниот ден.
Серхи Роберто е само уште еден во низата фудбалери на Барселона кои се повредени во моментов. На листата на повредени се наоѓаат Лионел Меси, Андрес Иниеста и Рафиња, а во текот на сезоната таму беа и Алвес, Браво, Вермален и Адријано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.