Во бегалскиот камп во Брежице во Словенија, околу десет часот утрово избувна пожар во кој изгореле шатори кои се поставени на 17 септември, пренесе БТА.
Пожарот ја зафатил и околната трева, но пожарникарите успеале да го спречат ширењето на огнот и да го изгаснат пожарот.
Се проценува дека во пожарот се уништени околу две третини од шаторите.
Бегалците во Брежице се греат така што палат оган во кампот, поради што и за време на вчерашниот ден избиле неколку помали пожари.
Преку 20.000 емигранти влегоа во Словенија од саботата по пренасочување на приливот на бегалци поради затворањето на границата меѓу Унгарија и Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.