| четврток, 6 декември 2018 |

Се запали бегалски камп во Швајцарија

pozar dim

Бегалски камп во швајцарскиот кантон Золотурн, во градот Биберист, е целосно уништен во пожар кој избувнал денеска, јавува Танјуг. Локалните полициски власти соопштија дека причините за пожарот засега се се уште непознати, и дека нема повредени лица.

Сите 10 бегалци коишто во моментот се затекнале таму, се безбедно евакуирани, а противпожарните единици за кратко време го изгаснале пожарот. За проценка на штетите ќе бидат потребни два до три дена, изјави полицискиот портпарол.

Случаите на напади врз бегалци во Швајцарија се ретки. Бројот на азиланти во земјата минатата година се искачи на 39.523.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top