| четврток, 6 декември 2018 |

УХМР: Доаѓа невреме, Македонија во портокалова фаза

Утре под влијание на циклонска активност од Јонското Море, времето ќе биде облачно и во текот на целиот ден ќе има врнежи од дожд, кои уште во раните утрински часови ќе започнат во јужните и во западните делови, информира УХМР во својата последна прогноза.

Во претпладневните часови ќе се прошират насекаде и претежно ќе бидат со умерен интензитет што ќе придонесе вкупната количина на наврнат воден талог на места да биде преку 50л/м2.

Дневните температури ќе бидат ниски и ќе се движат од 3 до 13 степени. Не е исклучено на највисоките врвови да има повремен снег.

Во петок претпладне дождовите ќе престанат и во следните денови ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со пораст на дневната температура, која во недела ќе се движат од 14 до 20 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top