Поранешниот претседател на Романија Јон Илиеску е обвинет за злосторства против човештвото во врска со насилните протести во 1990 година, соопшти денеска Канцеларијата на јавниот обвинител.
Илиеску (85) се појави пред високиот касационен суд во Букурешт, каде е прочитано обвинение кое го товари за наводни злосторства против човештвото за време на антивладините протести пред 25 години, кога шест лица загинаа, а стотици беа повредени.
Обвинителството наведе дека Илиеску е известен оти против него е покрената истрага.
Судот наведе дека Илиеску се товари за смрт на три и повредување на четири лица за време на судирите на рударите со демонстрантите на антивладините протести на почетокот на романската транзиција во јуни 1990 година.
Илиеску го негираше обвинението, во судницата се задржа еден час и не даде изјава.
Околу 20.000 рудари влетаа во јуни 1990 година во романската престолнина и се судрија со демонстрантите кои протестираа против тогашната владејачка гарнитура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.