Новиот менаџер на Ливерпул, Германецот Јирген Клоп веќе го најави новото засилување во јануарскиот преоден рок. Сепак, не се работи за нов фудбалер во редовите на „црвените“, туку за враќање на српскиот репрезентативец Лазар Марковиќ од позајмицата во Фенербахче.
Полуларниот Маркец е сè уште под договор со Ливерпул, но летово откако му беше предочено од претходниот тренер, Брендон Роџерс дека не е во неговите планови за новата сезона, му беше дозволено да замине на едногодишен заем.
Сепак, извори блиски до управата на „црвените“ тврдат дека во тој договор имало клаузула што му овозможува на Ливерпул да го врати Марковиќ веќе во јануари. Клоп важи за голем фан на Србинот, кого се обиде да го доведе уште додека беше тренер на Борусија Дортмунд, па сега во брзоногиот фудбалер гледа идеална опција за засилувње на постоечкиот тим на Ливерпул.
Англиските медиуми најавуваат дека клаузулата скоро сигурно ќе биде активирана и Марковиќ на самиот почеток од јануари ќе се врати на „Енфилд“, а кај Клоп сигурно ќе добие повеќе шанси да ги покаже своите квалитети отколку што тоа беше случај со неговиот претходник Брендан Роџерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.