| четврток, 6 декември 2018 |

Српски играч на Олимпијакос со капа од Црвена звезда провоцираше на „Максимир“

olimpijakos

Динамо Загреб синоќа на „Максимир“ доживеа пораз во рамките од третото коло од Лигата на шампионите од Олимпијакос со 0-1.
Освен што не ги искористи шансите во текот на мечот за победа, Динамо наседна на провокацијата од гостинскиот фудбалер Лука Миливојевиќ. Лука e поранешен фудбалер на Црвена звезда и по натпреварот во микс-зоната даваше изјава со капата од својот поранешен клуб . Ривалството на двата ексјугословенски клубови е огромно, но Миливојевиќ тврдеше дека од негова страна не станува збор за провокација.

– Јас сум голем навивач на Црвена звезда, имам играно за овој клуб. Капата ја добив како подарок од еден новинар, никој не треба тоа лично да го разбере. Тоа е како вие утре да ставите капа на Динамо, бидејќи навивате за овој клуб – изјави Миливојевиќ.

Тој одби да ја извади капата откако тоа беше побарано од страна на членови на управата на Динамо, кои потоа го пријавија кај делегатот. Делегот го заведе во тефтерот, а потоа му зема и изјава. Истото го стори и полицијата пред да го пушти Миливојевиќ да влезе во клупскиот автобус на Олимпијакос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top