Кандидатот за прв човек на Град Скопје од коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, го оствари своето право на глас.
Кандидатот за градоначалник за Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски, изрази надеж дека и во вториот круг од локалните избори жителите на главниот град ќе ги препознаат делата и дека ќе го дадат гласот за тие што создаваат и што градат.

Трајановски им се заблагодари на жителите на Скопје за, како што рече, големиот број гласови што ми ги дадоа во првиоткруг или 136.000 гласа.
– Практично, тоа е потврда за сето тоа што е сработено во изминативе четири години, а воедно и верување дека тоа што е ветено во предизборната програма ќе биде остварено – рече Трајановски откако гласаше во просториите на урбаната заедница Автокоманда.

фото: Игор Ангеловски (Република)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


