Шпанската голманска легенда, Икер Касилјас кој летово се пресели во редовите на Порто, на синоќешниот натпревар против Макаби Тел Авив кој неговиот тим го доби со 2-0, не прими гол и сруши уште еден рекорд во најсилното натпреваруње во Европа.
Тој досега нема примено гол во ЛШ на 51 натпревар во неговата кариера, и со тоа го мина холандскиот голман Едвин ван дер Сар кој беше рекордер во оваа категорија со 50 натпревари без примен гол.
Шпанскиот чувар на мрежата во дресот на Реал Мадрид забележа 50 средби без примен гол, додека во Порто ова е прв меч во кој не му е затресена мрежата.
Триумфот на Порто над тимот од Тел Авив го донесоа Абубакар и Брахими (2-0).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


