До 14. 30 часот најголема излезеност на вториот круг од локалните избори е забележана во Кочани (48, 10 %), а најмала во Чаир (21, 20%) според податоците што ги објави невладината организација Синергија во име на граѓанската коалиција “Излези да гласаш”.
За ова информираше денеска Симона Марковска, волонтер во невладината организација Синергија. Повикувајќи се на податоците добиени од терен, Марковска на пресконференција информираше за излезноста на гласањето во вториот круг од локалните избори и според нивните податоци констатирана е следната состојба:
Делчево 39, 45 %, Берово 47, 90 %, Битола 35, 00%, Богданци 44, 80%, Дебар 57, 50%, Брвеница 34, 00%, Бутел 25, 90%, Велес 41, 90%, Ѓорче Петров 37, 80%, Град Скопје – 21, 30% , Јегуновце 26, 70 %, Кавадарци 39, 84%, Карбинци 41, 70 %, Карпош – 32, 90%, Кочани 48, 10%, Старо Нагоричане 47, 70%, Струга – 45, 40%, Центар – 39, 50%, Чаир 21, 20%, Чешиново/Облешево 40, 90%.
Синергија во име на граѓанската коалиција Излези да гласаш вториот круг на изборниот процес го следи во 29 општини и на територијата на град Скопје, или на 1614 избирачки места со 2 900 (и 70 мобилни) волонтери акредитирани набљудувачи на територија на Република Македонија.
Во однос на навременото отварање на изборните места нивните набљудувачи информираше дека навремено се отворени сите гласачки места.
Според нив генерална оценка до 14 часот е дека изборниот процес тече мирно и достоинствено и во позитивна атмосфера.
Тие апелираат до сите институции како и досега навремено да реагираат согласно своите надлежности и да им се овозможи на достоинствен начин на граѓаните да си го искористат своето демократско право на глас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


