| четврток, 6 декември 2018 |

Црвенковски: Македонија, дефинитивно, не е ниту демократска ниту правна држава

Лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски денеска заедно со синот Љупчо гласаше на избирачко место број 2.809, во населба Капиштец, во близина на ТЦ „Беверли хилс“. Тој изрази надеж дека денешниот втор круг од локалните избори ќе заврши без какви било инциденти.

– Македонија, дефинитивно, не е ниту демократска ниту правна држава. Тоа е јасно видливо во сите сфери на општественото живеење, може сериозно да се аргументира, а овие локални избори, начинот на кој беа организирани, сите неправилности што беа спроведени од страна на власта, се само последниот печат, би рекол, на една оценка за состојбите во нашата земја – рече Црвенковски откако го оствари своето право на глас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top