| четврток, 6 декември 2018 |

Каков рингишпил во Леверкузен, „фармацевтите“ со рецепт два по два, Рома со 4 гола во серија

baer

Каков возбудлив фудбалски рингишпил се вртеше вечерва на „Бај арена“ во Леверкузен, по домашен рецепт два по два гола и експрес серија од 4 погодоци на Рома за конечно реми, 4-4. Баер поведе со двата погодоци на Чичарито, потоа Рома возврати со 4 гола во серија и поведе со 2-4, но „фармацевтите“ сепак имаа рецепт за реми со уште два гола.

Даниеле Де Роси постигна хет-трик, Миралем Пјаниќ постигна нов прекрасен гол од слободен удар, а Чичарито го израмни рекордот на Двајт Јорк со 11 погодоци во ЛШ, најмногу за играч кој доаѓа од Конкакаф зоната (Чикарито е Мексиканец).

Во финишот Кампл и Мехмеди постигнаа по еден гол за Баер за неверојатно реми од 4-4 и фестивал од голови во Леверкузен.

Останати резултати: Арсенал – Баерн 2-0 (Жиру 77, Озил 90+4), Бате Борисов – Барселона 0-2 (Ракитиќ 48 и 64), Динамо Киев – Челси 0-0, Динамо Загреб – Олимпијакос 0-1 (Браун 79), Порто – Макаби Тел Авив 2-0 (Абубакар 37, Брахими 41), Валенсија – Гент 2-1 (Нилсен 15 автогол, Митровиќ 72 автогол – Фокет 40), Зенит – Лион 3-1 (Џуба 3, Хулк 56, Дани 82 – Лаказет 49).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top