| четврток, 6 декември 2018 |

Извештаите за проширување на ЕУ сѐ уште неизвесни

комисија

Датумот за претставување на пакетот годишни извештаи за земјите-кандидатки за членство во ЕУ сѐ уште е неизвесен, соопшти денеска Европската комисија.

– Жан-Клод Јункер сѐ уште не одлучи кога ќе бидат претставени пакетите – изјави портпаролката на претседателот на ЕК, Наташа Берто.

Пакет-извештаите за напредокот на државите од Западен Балкан и Турција во процесот на европските интеграции требаше да биде претставен на средината од месецот, но претставувањето е одложено на неопределено време.

Од ЕК наведуваат дека одложувањето се случува бидејќи членовите на Комисијата се зафатени со решавање на бегалската криза и не можат да организираат церемонијално претставување на пакетите, на кое обично присуствуваат највисоките претставници на ЕУ.

Од друга страна, сѐ поприсутни се озборувањата дека одложувањето е политички пресметано со цел да не дојде до нарушување во чувствителните преговори на ЕУ со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, од кого Брисел сака поактивно ангажирање во запирање на бранот емигранти на патот кон европските држави.

Во ЕК демантираат дека одложувањето е поврзано со Ердоган, но одбиваат да соопштат барем приближен датум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top