| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ бара Грција да врати 55 милиони евра од помошта за „Хеленик дифенс системс“

Европската комисија побара од Грција да врати 55 милиони евра од државната помошта доделена на „Хеленик дифенс системс“, компанија со мнозински државен капитал, што се занимава со воено производство.

Грција презеде серија мерки како помош на компанијата во периодот меѓу 2004 и 2011 година, вклучително и директна помош од 10 милиони евра, зголемување на капиталот за 158 милиони евра и државни гаранции за кредити во вредност до 942 милиони евра.

Комисијата во соопштението посочува дека според нивните истражувања, голем дел од мерките не се опфатени од контролата на ЕУ, бидејќи се однесуваат на областа на безбедноста на Грција.

Некои од мерките пак, чија вредност достигнува 55 милиони евра, спаѓаат во категоријата нередовна државна помош, бидејќи се наменети за производството на материјали за цивилни потреби – мали пиштоли, експлозиви за градежништвото и пиротехнички средства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top