| четврток, 6 декември 2018 |

Се раздвои најдобрата тениска двојка во историјата, близнаците Брајан не играат повеќе заедно!

Браќата близнаци Мајк и Боб Брајан со години ги тероризираат своите противници на тениските терени. Најдобриот пар во дубл реши на крајот од сезоната да се раздвои и со нови парови да се обидат повторно да бидат најдобри во светот.
По цели 13 години заедно, и освоени вкупно 109 турнири, 16 грен-слеми, олимписко злато, трофеј во Дејвис куп и четири пехари на завршните турнири во сезоните, Мајк одлучи на турнирот во Виена во играта во двојки да настапи со неговиот сонародник Стив Џонсон.
Разделувањето од братот, се чини дека се покажа како лош потег, бидејќи новиот партнер беше елиминран уште во првото коло од Џејми Мареј и Џон Пирс со 2-0 (7-6, 6-3) во сетови.

Првпат по 2002 втора година браќата Брајан не освоија ниту еден грен-слем, а на последниот во САД каде што го бранеа трофејот, беа елиминирани уште во првото коло.
Тие и понатаму се неприкосновени на првото место на АТП-листата. Последните 147 недели се на врвот во светскиот тенис, а вкупно се апсолутни рекордери. Мајк на врвот се наоѓа 457 недели, додека неговиот брат Боб 16 недели помалку.

Очигледно ќе ја увидат грешката и се очекува да се вратат во форма во новата сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top