| четврток, 6 декември 2018 |

Секоја трета риба на европскиот пазар е со слаб квалитет

подготовка на рибата

На повидок уште една афера со храна во Европа најави хамбуршката „Еруофинс лабораторија“, која го истражувала квалитетот на рибата што се продава во Европа, објавија германските медиуми.

Истражувањето покажува дека секоја трета риба која се продава во Европа не е со истиот квалитет како што е наведена во декларацијата.

Во извештајот се наведува дека рибите што се продаваат се со понизок квалитет од декларираното. Причините за ваквата состојба, експертите ја лоцираат во порастот на цените на рибата на светскиот пазар, поради намалените квоти, па индустријата наоѓа начини како да се спаси.

– Непознат е ризикот по здравјето, ако се конзумираат овие риби, но и да е исклучен каков било здравствен ризик, потрошувачите сепак се измамени –  вели Бер Пепинг од Хамбуршкиот Универзитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top