Косовската опозиција и по средбата со претседателката Атифете Јахјага остана на барањето за суспензија на сите спогодби со Србија и договорот за демаркација на границата со Црна Гора.
Лидерите на трите опозициски партии изјавија дека нема да седнат на никаква тркалезна маса со претставници на косовската Влада, доколку не се повлечат спогодбите со Србија за Заедницата на српски општини и со Црна Гора за границата, пренесе Танјуг.
Претседателот на „Самоопределување“, Висар Имери, по средбата со Јахјага пред новинарите изјави дека на косовската претседателка јасно и ставиле до знаење дека нема да се откажат се додека премиерот Иса Мустафа не ги повлече споменатите спогодби.
И лидерот на Иницијативата за Косово, Фатмир Лимај, според агенцијата Фена, побарал повлекување на договорите со забелешка дека Владата има криза само кога нема доволно гласови во Парламентот, но и констататира дека кризата веќе сега е очигледна.
По првите консултации на Јахјага со владејачките партии, официјално не мина ниту еден предлог за надминување на блокадата на Парламентот и враќање косовските институции во нормала.
За премиерот Мустафа и неговиот заменик Хашим Тачи, како што наведуваат приштинските медиуми, нема политичка, ниту парламентарна криза, без разлика што Парламентот практично е во блокада.
Според нив, сето ова е само обид да се попречи работата на институциите со насилни мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации