Поетскиот караван на ДПМ вечерва во 19 часот ќе настапи во Домот на културата „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Караванот го сочинуваат 20 автори од различни генерации. Љубителите на литературата во овој град ќе имаат можност да се сретнат со поетите Трајче Кацаров, Виолета Златева Танчева, Борче Панов, Билјана Станковска, Филип Клетников, Марина Мијаковска, Бобан Богатиновски, Христо Петрески, Елена Пренџова, Раде Силјан, Мито Спасевски, Санде Стојчевски, Ефтим Клетников, Веле Смилевски, Стојан Тарапуза, Милош Линдро, Сеида Бегановиќ, Иван Чаповски, Александар Поповски и Јовица Илиќ.
Годинашниот циклус на Поетскиот караван на ДПМ се одржува во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во земјата. Поетите до сега гостуваа во Гевгелија, Крушево, Свети Николе, Крива Паланка, Битола, Штип, Тетово, општина Илинден, Македонски Брод, Демир Хисар и Лазарополе, а учествуваа и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“.
До крајот на ноември оваа манифестација ќе продолжи во Велес, Кавадарци и Радовиш. Поетскиот караван ќе заврши со традиционалната манифестација „Средба на генерации“ што е составен дел на Деновите на Блаже Конески кои секоја година се одржуваат од 17 до 19 декември, во чест на големиот македонски поет, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија


