Караванот „Купи куќа, купи стан“ утре ќе биде во Тетово каде ќе бидат презентирани можностите што им ги нуди државата на граѓаните за решавање на станбеното прашање.
Претставници на Министерството за финансии ќе им објаснат на граѓаните колкави субвенции може да добијат при купување на нов дом, кој може да аплицира и каков е процесот на аплицирање.
На презентацијата ќе учествуваат и градежни компании со понуда на станови, како и претставници од банките кои ќе стојат на располагање за сите прашања на граѓаните.
Караванот „Купи куќа, купи стан“ држи презентации во градовите низ цела Македонија со цел да го приближи проектот до секој граѓанин кој има потреба од него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Гевгелија, Кавадарци и Охрид активно работат на обезбедување на парцели за „Купи куќа за млади“
-
Караванот за „Купи куќа за млади“ утре во Прилеп, Крушево и Македонски брод
-
Голема заинтересираност во Гевгелија за „Купи куќа за млади“
-
Огромен e интересот за „Купи куќа за млади“- Ставрески на профилот на „Фејсбук“ одговараше на прашањата на граѓаните



