| четврток, 6 декември 2018 |

Бејл повторно се повреди, нема да биде во составот на Реал против ПСЖ

Велшкиот репрезентативец и фудбалер на Реал Мадрид Герет Бејл, ќе отсуствува од таборот на „кралевите“ во мечот од Лигата на шампионите против ПСЖ.
Тој се пожали на болки во мускулот на полувремето од мечот против Леванте во рамките од Примера дивизија по што беше заменет па тренерот Рафа Бенитез не сака да ризикува со него.
Лекарскиот тим на Реал Мадрид констатирал слична повреда како онаа во септември кога Бејл отсустуваше од тимот две недели.
Отсуството на Бејл ќе претставува голем удар за „кралскиот клуб“, посебно поради тоа што од повреда и натаму се опоравуваат Карим Бензема, Џејмс Родригез, Пепе и Даниел Карвахал.

Натпреварот од 3. коло во Групата А од Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Реал Мадрид се игра во среда во Париз од 20:45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top