„Република“ дознава дека набљудувачот што денеска се соочил со физичко насилство во струшкото село Радолиште е висок функционер на една политичка партија.
Поради изборниот молк, до 19 часот нема да го објавиме името на партискиот функционер кого поголема група активисти со примена на физичка сила (туркање) се обиделе да го отстранат од избирачкото место.
Поголем инцидент е спречен со брза интервенција на локалната полиција во Струга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


